Одговор на енергетската криза: Макрон предизборно планира шест нуклеарни реактори

Францускиот претседател Емануел Макрон сака пред Божиќ да најави изградба на шест нови нуклеарни реактори EPR на француско тло, објави весникот Le Figaro.

Шест месеци пред претседателските избори во Франција, одлуката за изградба на шест нуклеарни реактори беше забрзана со енергетската криза во Европа, како и зголемените цени на енергијата, кои сѐ повеќе влијаат на животниот стандард на граѓаните, додава весникот.

Портпаролот на кабинетот на францускиот претседател одби да го коментира извештајот.

На почетокот на неговиот мандат, Макрон вети дека ќе го намали учеството на нуклеарната енергија во францускиот енергетски спој од сегашните 75 на 50 проценти до 2035 година. Но, сегашната енергетска криза ги промени приоритетите на Париз.

Енергетска криза

„Енергетската криза покажува дека имаме право да избереме нуклеарна енергија како дел од транзицијата кон зелена енергија“, изјави неименуван висок владин претставник за Le Figaro.

Претходно, француската влада тврдеше дека нема да започне нови проекти за изградба на EPR реактори додека не заврши нуклеарната централа во изградба во Фламанвил на северозападот на земјата, која ја користи новата технологија. Завршувањето на проектот Фламанвил доцни скоро десет години, а конечниот трошок може да биде петпати поголем од планираното.

Сѐ уште не е познато кога реакторот би можел да работи, но медиумите велат дека тоа сигурно нема да биде пред крајот на 2022 година.

EPR е технологија развиена од француските компании Framatome и EDF, и во моментов постојат само два оперативни нуклеарни реактори EPR во светот, и двата во Таишан, Кина, кои започнаа со комерцијална употреба во декември 2018 година, односно 2019 година.

Ваучери за бензин

Во меѓувреме, француските министри денеска предложија воведување ваучери за бензин за домаќинствата со ниски примања, додека Владата на претседателот Макрон се обидува да ја ограничи економската штета од скокот на цените на енергијата и горивото шест месеци пред претседателските избори.

Владата размислува за ограничување на цената на гасот и електричната енергија и како да им помогне на сиромашните да ги платат сметките за греење во текот на зимата, поради скокот на цените на енергијата низ целиот свет поради големиот раст на побарувачката по заздравувањето од пандемијата.

Цените на бензинот постојано се зголемуваат во изминатите недели и француската Владата се соочува со зголемен притисок да ги намали даноците а продажба на бензинските пумпи, што може да достигне и до 60 проценти на сметките на возачите.

Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер истакна дека тоа не само што скапо ќе ги чини јавните финансии, туку ќе биде и субвенција за фосилни горива во време кога Владата се обидува да направи промени.

„Повеќе сум за ваучери за бензин отколку за намалување на даноците“, истакна Ле Мер за Радио Европа 1.

Министерката за животна средина Барбара Помпили, како гостин на француската ТВ 2, исто така се изјасни за опцијата за ваучери за бензин, но истакна дека нивното воведување е сложен процес.

реклама

Свет

Двајца загинаа откако брод потона во Црното Море, Зеленски тврди дека бил погоден од руски дронови

Read more

Учениците во ЕУ сè послаби во математика, читање и природни науки

Read more

Нема веќе вештачка интелигенција: Трамп го забрани терминот AI и формираше Сили за суперинтелигенција

Read more

ЕУ даде зелено светло за центри за депортација во трети земји: Како тоа ќе изгледа во пракса?

Read more

Вести

Двајца загинаа откако брод потона во Црното Море, Зеленски тврди дека бил погоден од руски дронови

Читај повеќе

Учениците во ЕУ сè послаби во математика, читање и природни науки

Читај повеќе

Нема веќе вештачка интелигенција: Трамп го забрани терминот AI и формираше Сили за суперинтелигенција

Читај повеќе
  • filter

Поранешниот симбол на Триглав е пред исчезнување: Последниот глечер во Словенија речиси исчезна

Читај повеќе

Гаши формираше Совет на поранешни претседатели на Собранието

Читај повеќе

Нови пронајдоци на локалитетот Расница: Откриено богато војничко погребување од VI век

Читај повеќе

Оперативна акција Чистач: 5.628 уапсени и 1.158 претреси во борбата против насилниот криминал, трговијата со дрога и прекуграничниот криминал

Читај повеќе

Левица: Коцкарниците на народот му ја земаат платата, брзите кредити иднината – 1,6 милијарди евра завршиле во коцкарската индустрија

Читај повеќе

BALFIN Group – над 52 милиони евра платени даноци во првите 6 месеци од 2026 година

Читај повеќе