Одлични критики за филмот за Кристофер Рив: Беше Супермен во вистинскиот живот

Документарецот Super/Man: The Christopher Reeve Story се обидува да одговори на прашањето што го прави човекот херој, следејќи го животот на починатиот актер кој некогаш го играше Човекот од челик, но остана парализиран по несреќа при јавање.

Документарецот, што почна да игра во кината во Велика Британија во петокот, го прикажува подемот на Рив до ѕвезда благодарение на филмот Superman од 1978 година, како и неговиот активизам и потрагата по лек за неговата повреда на 'рбетниот мозок откако стана квадриплегичар.

Филмот содржи интервјуа со неговите три деца, Метју, Александар и Вилијам, и богата архива на домашни снимки пред и по несреќата на страсниот спортист што се случи во 1995 година.

Рив, кој глумеше во четири филмови за Супермен и други филмови, почина во 2004 година од срцева слабост, на 52-годишна возраст. Неговата сопруга Дејна почина 17 месеци подоцна од рак на белите дробови. Таа имаше 44 години.

Децата на Рив и ко-сценаристи, Иан Бонхот и Питер Етедгуи рекоа дека филмот се обидува да најде рамнотежа, покажувајќи ги и силните и слабите страни на Рив.

„Тој секогаш беше многу отворен и искрен... По несреќата, тој отворено зборуваше за сите видови медицински прашања, за неговите надежи за идни истражувања“, рече Метју Рив, додавајќи дека филмот сака да го почитува „тој аспект на неговата искреност“.

Кристофер и Дејна Рив станаа активни во хуманитарната работа и се залагаа за луѓето кои живеат со посебни потреби. Тие собраа средства за истражување на лек за парализа.

„Татко ми и мајка ми ставаа многу малку, ако воопшто, значење на славата и јавниот успех. Тие најмногу се грижеа за здравјето и љубовта во семејството“, вели Вил Рив.

„Тие не се гледаа себеси како ништо повеќе од две суштества кои само се обидуваат да поминат низ животот најдобро што можат“, додаде тој.

Филмот ги воодушеви критичарите и публиката

Документарецот Super/Man: The Christopher Reeve Story имаше премиера на филмскиот фестивал Санденс во јануари оваа година, каде што ги воодушеви критичарите. Трејлерот ѝ се допадна и на публиката.

„Тој беше Супермен, и во реалниот живот и на големото платно. Почивај во мир легендо", напишал еден обожавател на YouTube.

„Многу тажна приказна, но знам дека овој документарец ќе му оддаде почит на неговото наследство“, додаде еден корисник на Reddit.

„Тој е херој“, напиша трет, додека четврти додаде: „Не можам ни да го гледам трејлерот до крај бидејќи не сакам колегите да ме видат како плачам“.

Remote video URL
реклама

Кој ќе биде најдобриот месец во 2026 година за вашиот хороскопски знак?

Read more

Само тројца играчи на Реал не се збогуваа со Чаби

Read more

Аматер го победи најдобриот тенисер во светот и освои милион долари

Read more

Кина ги проби границите на фузијата: Вештачкото сонце го доближува човештвото до неисцрпна чиста енергија

Read more

Филм & ТВ

Искрен трејлер за Freddy vs. Jason

Read more

Зои ја тргна Скарлет од врвот и стана најплатената актерка на сите времиња

Read more

Актерот Кифер Сатерленд уапсен за напад во Лос Анџелес

Read more

Потврдено: Хит серијата Adolescence на Netflix ќе има втора сезона

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Искрен трејлер за Freddy vs. Jason

Читај повеќе
  • play_arrow

Зои ја тргна Скарлет од врвот и стана најплатената актерка на сите времиња

Читај повеќе

Кончита Вурст се повлекува од Евровизија

Читај повеќе

Актерот Кифер Сатерленд уапсен за напад во Лос Анџелес

Читај повеќе

Жени го обвинуваат Хулио Иглесијас за сексуален напад

Читај повеќе
  • play_arrow

Потврдено: Хит серијата Adolescence на Netflix ќе има втора сезона

Читај повеќе

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тизер за Disclosure Day на Стивен Спилберг

Читај повеќе

Доделени Златните глобуси: Доминираа филмот One Battle After Another и серијата Adolescence

Читај повеќе