НАСА СЕ СООЧУВА СО ТЕХНИЧКИ ПРОБЛЕМИ

Одложен првиот лет на минихеликоптерот на Марс

НАСА го одложи првиот лет на минијатурниот хеликоптер Ingenuity на Црвената Планета поради технички проблеми, соопшти завчера американската вселенска агенција.

Минихеликоптерот Ingenuity, кој пристигна на Марс со ровер Perseverance, нема да полета пред 14 април.

Предвидено беше да полета во недела на 11 април.

Испитувањето на брзите движења на роторот на Ingenuity во петокот покажа проблеми со полетувањето, соопшти НАСА.

Вселенската агенција соопшти дека хеликоптерот е безбеден и дека испратил податоци на Земјата.

Тимот ги проверува податоците за да го дијагностицира проблемот и да одреди нов датум на тест со целосна брзина на ротација.

За време на пробниот лет, хеликоптер тежок околу 1,8 килограми ќе лета до висина од околу три метри, ќе остане на едно место 30 секунди, а потоа ќе се врати на површината на Марс.

URL

Тоа би бил првиот лет на вакво летало на друга планета.

Хеликоптерот се напојува со литиумски батерии и има капацитет за уште неколку обиди за лет.

Се соочува со екстремни услови на Марс, температура од минус 90 степени Целзиусови, слаба гравитација и ретка атмосфера.

Ingenuity патуваше до Марс со роверот Perseverance кој тежи околу 1.000 килограми и е со големина на помал автомобил.

Роверот пристигна на Марс во февруари, а за 203 дена лет помина 472 милиони километри.

Слета во пресушениот кратер Језеро долг 45 километри, а во следните две години треба да изврши увид во кратерот.

URL
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Вести

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Read more

Последен поздрав од Марс

Read more

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе