Disney по третпат ја одложи премиерата на филмот „Mulan“, а како причина за тоа ја наведуваат пандемијата на коронавирусот која ги поремети плановите на продуцентите.
„Mulan“ требаше да биде прикажан на 24 јули, но поради пандемијата ја одложија премиерата за 21 август оваа година.
Креативниот директор на филмот, Алан Хорн рече дека пандемијата ги поремети плановите на продуцентите, а тие се трудат да бидат флексибилни и да се прилагодат на новите услови.
Пред неколку денови беше откажан и долгоочекуваниот филм „Tenet“ на Warner Bros.