Oдложена е седницата на Советот на јавни обвинители на која требаше да се расправа за предметите „Сопот“ и „Пуч“.
Тоа беа предметите кои претседателот на Советот, Петар Аневски, не ги ставаше на дневен ред, но закажа седница по барање на членови на Советот.
За „Сопот” осудени се 11 жители на ова село со вкупно 150 години затвор под обвинение дека поставиле мина од која загинаа двајца полски војници. Специјалното обвинителство во јануари го повлече „Пуч“ објаснувајќи дека во истрагата за „Тврдина“ дошле до докази кои се спротивни на она што е прикажано во „Пуч“.
Седницата е одложена за во четврток во 11 часот.