Култура

Одложени вечерашните настани во МНТ и Македонска филхармонија

14. февруари 2019 - 12:25 | А.С.

Поради тешката сообраќајна несреќа кај Карпалак, 14 и 15 февруари се прогласени за денови на жалост.

Од таа причина, Македонската филхармонија го одложува вечерашниот концерт „Моја љубов“ за 18 февруари (понеделник) во 20 часот.

Изведбата на мјузиклот MAMMA MIA! во МНТ која беше планирана да се изведе по повод денот на виното и вљубените на 14 февруари во 20 часот, исто така се откажува. Следната изведба на мјузиклот е закажана на 11 март во 20 часот, а билетите кои публиката ги купи за изведбата на 14 февруари, ќе важат за изведбата на 11 март.

Македонската филхармонија и НУ Македонски народен театар во одделни соопштенија изразија длабоко сочувство до семејствата на загинатите.

Коментирај