Одлука на Владата: Цените на некои производи мора да се вратат на ниво од пред поплавата

Цените на флаширана вода, свеќи за домаќинство, заштитни ракавици, гумени чизми, лопати, заштитини маски и средства за дезинфекција, мора да се вратат на нивото од пред поплавите.

Оваа одлука ја донесе Владата на Република Македонија на последната седница, на предлог на министерот за економија.

Највисоките цени на овие производи се утврдуваат на нивото на цените на истите кои се применувале до 5 август 2016 година.

Причина за донесување на оваа одлука се случаите на злоупотреба на дел од трговците, констатирани при проверка од страна на Државниот пазарен инспекторат, по новонастанатата состојба произлезена од поплавите во скопскиот и тетовскиот регион, која налага зголемена употреба на тие производи. 

„Имено, користејќи ја зголемената побарувачка на овие производи, некои трговци ги зголемија цените на флаширана вода, свеќи за домаќинство, заштитни ракавици, гумени чизми, лопати, заштитни маски и средства за дезинфекција, па целта на оваа Одлука е да се вратат цените на овие производи на нивото кое важело до 5 август 2016 година (пред поплавата), кога побарувачката за овие производи била нормална, т.е. немало побарување на значителни количини за овие производи“, се вели во соопштението од Министерството за економија. 

Понатаму се додава дека цените на производите трговците ги утврдуваат самостојно и како резултат на ова цените на овие производи се  различни кај секој одделен трговец, со враќањето на цените на нивото од 5 август 2016 година не се нарушува правото на трговците за самостојно формирање на цени, бидејќи истите тогаш биле формирани самостојно.

Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“, а ќе се применува до 31 август 2016 година.

реклама

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе