Одлуката на пекарите останува, и денес нема да испорачуваат леб

И денеска на полиците во маркетите нема да има леб, велат пекарите. Тие остануваат на одлуката од понеделникот дека производство и испорака нема да има.

Како што велат за МИА нивни претставници, подготвени се за разговор со надлежните институции, но тогаш кога ќе добијат официјална покана, а не „повик“ или „апел“ преку прес-конференција.

Според пекарите, никој не треба да очекува дека ќе има леб за 20 денари. Цената не требаше да се замрзне зашто тоа, потенцираат, се коси со уставното право за слобода на пазарот, ниту требаше да се укине субвенционираната струја зашто мерката даде резултат. Леб за 32 до 35 денари имаше во малопродажбата, зависно од квалитетот и грамажата.

Пекарската индустрија во оваа новонастаната ситуација, очекува поддршка од сите останати индустрии во земјава.

– Нашата одлуката останува во сила. И денеска нема да се ипорачува леб на пазарот. Се чека Владата да одлучи позитивно во однос на барањата на пекарите. Замрзнувањето на цената се коси со уставното право за слобода на пазарот. Очекуваме поддршка и од другите индустрии, од сите, зашто ако ова ѝ се случува на пекарската индустрија, може да им се случи и на нив, потенцира во разговор за МИА претставник од Групацијата на мелничко-пекарската индустрија.

Сопственик на една од поголемите мелници дополнува дека субвенционираната струја ја исполни целта.

– Повторуваме дека не беше потребно да се замрзне цената на лебот зашто веќе самата индустријата ја корегираше на 32 и 35 денари. Такви цени имаше на пазарот, се направи социјална цена за одредена категорија граѓани пред да се замрзне цената на лебот. Стоиме на ставот од понеделникот дека мерката на субвенционираната струја ја исполни целта зашто од нејзиното стапување во сила, цените се намалија. Очекувањета дека лебот ќе биде 20 денари, не може да се исполнат и тоа едноставно нема да биде, но имаше леб од 32 и 35 денари зависно од квалитетот и грамажата. Во однос на „поканата“ за средба што ја упати министерот Крешник Бектеши, би му порачал дека пекарската индустрија е секогаш подготвена за разговор, но треба да биде фицијално поканета, со конкретно наведена тема за разговор, а не преку прес-конференција, нагласува мелничарот за МИА. 

Денеска втор ден во продавниците не се испорачува бел и полубел леб откако Владата завчера ја донесе одлуката да се замрзне цената на 33 денари. Причината за оваа мерка, како што објаснија премиерот Димитар Ковачевски и министрите за економија и за земјоделство, Крешник Бектеши и Љупчо Николовски, е неисполнувањето на договореното од страна на компаниите по испораката на субвенционираната струја, како и заштита на „џебот“ на граѓаните.

Тагови
реклама

Додатоци во исхраната што треба да ги земате ако имате над 50 години

Read more

Фитнес тренер ги откри најдобрите извори на протеини за слабеење

Read more

Од 10 септември ќе им се промени животот на 4 хороскопски знаци

Read more

Кој победи во дебатата Трамп-Харис?

Read more

Македонија

МВР за скандалот со Гаши и свадбарите на Блаце: Покрената е дисциплинска постапка за 6 полицајци

Read more

Град Скопје поднесе 20 проекти на јавниот повик на Владата

Read more

Филипче: Струмица станува првата општина во регионот со електричен и еколошки јавен превоз

Read more

Јаневска има решение за вишокот наставници по спојувањето паралелки

Read more
 

Вести

Објавени транскрипти од авион киднапиран на 11 септември 2001 година

Читај повеќе

Зеленски: Имам план за победа, тоа ќе ја принуди Русија да ја прекине војната

Читај повеќе

Бил Гејтс предупредува дека светот се соочува со две опции: Голема војна или нова пандемија за помалку од 30 години

Читај повеќе

Франција откри: Спречивме 3 напади на Олимписките и Параолимписките игри

Читај повеќе

Изложба Македонија во светот на хералдиката во КИЦ - Битола

Читај повеќе

МВР за скандалот со Гаши и свадбарите на Блаце: Покрената е дисциплинска постапка за 6 полицајци

Читај повеќе

Град Скопје поднесе 20 проекти на јавниот повик на Владата

Читај повеќе

Филипче: Струмица станува првата општина во регионот со електричен и еколошки јавен превоз

Читај повеќе

Јаневска има решение за вишокот наставници по спојувањето паралелки

Читај повеќе