Одлуката за старт на преговори со Северна Македонија и Албанија оди на Самитот на ЕУ

Луксембург, 15 октомври 2019 (МИА) – Советот на министри за општи работи на ЕУ доцна попладнево заврши без заклучок за започнување преговори со Албанија и Северна Македонија, па одлуката се префрла кај шефовите на држави или влади кои ќе се сретнат во четврток и петок во Брисел.

Како што јави дописничката на МИА, и покрај обидите на финското претседателство да постигне компромис помеѓу земјите членки со тоа што ќе ги одвои Северна Македонија и Албанија, силен отпор има од Франција, Германија и Италија.

Париз одбива да се одвојат двете земји затоа што е цврсто против секакво проширување за сега, додека Берлин и Рим сметаат дека е премногу ризично да се одвои Албанија затоа што постои шанса многу долго да чека.

Финското претседателство со Унијата и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан изразија жалење што ЕУ денеска не успеа да постигне компромис. Финска потврди дека предложила одвојување на Скопје и Тирана во обид да издејствува консензус на масата, но дека на тоа се противеле неколку држави.

– Првичниот предлог беше да кажеме јасно „да“ на двете земји, тоа е нашата цврста позиција одамна, направивме сѐ што можевме, но земјите членки се колебаа, една земја членка беше посебно против, ги разгледавме сите опции, вклучително и одвојувањето затоа што многу земји се повикуваат на принципот на секој по сопствена заслуга, но ни тука не бевме успешни, изјави финската министерка за надворешни работи, Тити Тупураинен.

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, изјави дека ова не е момент со кој ЕУ може да се гордее, но изрази надеж дека сѐ уште е можен компромис на ниво на шефовите на држави или влади на членките на ЕУ в четврток.

– Нема сомнеж дека повторно одлагање ќе му наштети на нашиот кредибилитет на Западниот Балкан и нашата амбиција да станеме силен играч, овде зборуваме за наша внатрешна територија, ако на наша домашна територија не можеме да бидеме успешни, тогаш како ќе бидеме на надворешна, порача Хан.

Тој додаде дека реформите кои се прават во земјите кандидати се „болни“ и не исклучи можност од негативни последици доколку повторно се одложи одлуката на Самитот на ЕУ.

– Се надевам дека лидерите ќе ја поправат оваа грешка, не сакам да шпекулирам, но важно е да сфатиме колку болни реформи овие земји направија и политичкиот кредит на оние кои успеаја да го сторат ова, ако има негативна одлука, не можам да исклучам дека ќе предизвика интерни динамики, можам само да ги повикам итно сите да се фокусираат и да не се откажат, изјави Хан.

Еврокомесарот потврди дека Франција е таа која што се противи на секакво проширување, но не можеше да гарантира дека до четврток францускиот претседател Емануел Макрон ќе даде зелено светло.

Според француските дипломати во Луксембург, Франција не може да прифати одвојување на Скопје и Тирана, затоа што за таа одлука мандат има исклучиво претседателот Макрон.

Хан исто така и порача на скептичната јавност и дека зеленото светло кое се очекува е за „подготовка на преговорите“.

– Она што ни е потребно е политички сигнал да дадеме зелено светло за подготовка на пристапните преговори, ако постигнеме договор, треба да почнеме да го подготвуваме отворањето на првите поглавја, а тоа се поглавјата 23 и 24, кои се однесуваат на владеењето на правото, изјави Хан.

Една од причините зашто Франција се противи на почетокот на преговорите е токму оваа методологија на преговарање со отворање и затворање преговарачки поглавја. Париз смета дека процесот е долг и фрустрирачки за земјите, но и дека не ги дава посакуваните резултати во смисла на општествени промени.

Сите остануваат оптимисти дека во четврток на највисоко ниво е можна позитивна одлука.

– Мислам дека ова е првпат за пристапните преговори за Северна Македонија и Албанија да се дискутираат на највисоко ниво, лидерите ќе имаат шанси да дискутираат за ова во поширок контекст, што ми дава причина да имам надеж. Мнозинството земји членки поддржаа отворање на преговори за двете земји, порача финската министерка за надворешни.

Дипломати од поскептичните земји тврдат дека доколку има позитивна одлука в четврток тоа ќе биде само за Северна Македонија, поради одлуката на холандскиот Парламент, кој смета дека Скопје е подготвено за преговори, а Тирана не. Италија и Германија меѓутоа се непопустливи и бараат двете земји да одат во пакет.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе