„Одмаздници: Војна на бесконечноста“ – Почнува конечната пресметка Марвеловиот универзум во Cineplexx

Македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х учествуваше во креирањето на визуелните ефекти на деветнаесеттиот член на Марвеловиот универзум - „Одмаздници: Војна на бесконечноста“. 

На 26 април во киното Cinplexx ќе биде премиерата на најисчекуваното продолжение на „Одмаздници“  од Марвеловиот универзум, „Одмаздници: Војна на бесконечноста“, на чии визуелни ефекти работеше и македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х.

Филмот е во режија на Ентони и Џои Русо, и ги обединува суперхероите од Одмаздниците, Чуварите на Галаксијата во најспектакуларната актерска екипа досега со Роберт Дауни Џуниор, Крис Хемсворт, Марк Рафало, Крис Еванс, Скарлет Јохансон, Бенедикт Камбербач, Том Холанд, Чедвик Босмен, Пол Бетани, Елизабет Олсен, Антони Меки, Себастијан Стан, Том Хидлстон, Зое Салдана, Вин Дизел, Бредли Купер, Крис Прат, Гвинет Полтроу, Ангела Басет и многу многу други. Прашањето кое ги интересира сите фанови не е кој ќе учествува, туку кој ќе продолжи понатаму?

„Одмаздници: Војна на бесконечноста“ е Марвеловото продолжение на „Одмаздници“ од 2012 година,  и „Одмаздници: Ерата на Ултрон“ од 2015 година и е деветнаесетти филм во Марвеловиот филмски универзум.

Според Кристијан Даниловски, косопственик на ФХ3Х и извршен продуцент, на овој проект се работело од октомври 2017 до февруари 2018 година.

„На овој проект беа изработени околу 50 кадри, а според Фанданго страната за продажба, филмот е веќе рекордер во продажба на онлајн билети како најпопуларен филм. Овој рекорд го постигнал во првите 6 часа од отворањето на продажбата. Причина за интересот е што многу фанови сакаат да ги видат огромниот број суперхерои како соработуваат заедно, групирањето со Чуварите на Галаксијата им е симпатично и ова го доживуваат како кулминациска точка во кинематографијата на Марвел, чија разврска ќе се случи во продолжението закажано за 3 мај, 2019 година“, изјави Даниловски.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Филм & ТВ

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Read more

Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Read more

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more
 

Сцена

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Читај повеќе

Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Читај повеќе

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Читај повеќе

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Читај повеќе

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Читај повеќе
  • play_arrow

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Читај повеќе
  • play_arrow

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Читај повеќе

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Читај повеќе