Одморалиште на германскиот автопат А3 е жариште на заразени кои доаѓаат од Западен Балкан

МИА/КАЈГАНА
/ 13.08.2020 / 09:06

На станиците за тестирање на германските автопати, најголем процент од заразените со COVID-19 е регистриран на просторот за одмор на автопатот А3, по кој главно доаѓаат патници од Западен Балкан во Германија.

Според германски медиуми, позитивни се околу 2,4 проценти од тестовите во Центарот за тестирање на автопатот  А3 Донаутал-Ост. Од отворањето на Центарот за тестирање, 16.556 патници дозволија да им се земат брисеви. Од нив, 410 се позитивни.

На проторот за одмор во Хохфелн, на автопатот А8, процентот на заразени лица е помал (1,2 процент), а уште помалку има на Интал-Ост, на автопатот А93 (0,4 проценти).

На автопатот А8 биле тестирани 11.509 лица, а 137 биле заразени, додека на А93, од 7.285 тестови за присуство на коронавирус, 32 од нив биле позитивни.

Весникот Süddeutsche Zeitung ја цитираше изјавата на министерката за здравство на Баварија, Мелани Хумл, според која големата разлика во процентот на заразени лица се објаснува со фактот дека тест станицата на автопатот А3 „широко ја користат патниците од Западен Балкан“.

URL

Новинарот на тој весник потсетува дека за голем број на земји од тој регион – како Србија и Босна и Херцеговина – предупредувањата на германското Министерство за надворешни работи до граѓаните да не патуваат во тие земји заради зголемениот ризик од инфекција сѐ уште се во сила.

Во последниве денови, бројот на новозаразени повторно се зголеми во Германија.

Во извештајот на весникот се најавуваат засилени контроли за задолжителното носење заштитна маска и физичко растојание од 1,5 метри во Баварија, како и зголемено присуство на полицијата на шеталиштата, места за капење и јавни паркови.

реклама

Свет

Преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Read more

Ердоган: Азербејџан мораше да ги земе работите во свои раце

Read more

Баку: Имаме одговор доколку Ереван го употреби ракетниот систем „Искaндер“

Read more

Меркел: Бројот на заразени во Германија би можел да биде 19.200 дневно

Read more

Вести

Филипче: За кратко време ќе имаме брзи тестови за COVID-19, достапни ќе бидат во болниците и на граничните премини

Читај повеќе

Ако финансиската поддршка не стигне до работниците ќе следат кривични пријави, предупреди премиерот

Читај повеќе

Заев: Прашањето за Гоце Делчев треба да го решава Мешовитата комисија

Читај повеќе

Преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Читај повеќе

Ердоган: Азербејџан мораше да ги земе работите во свои раце

Читај повеќе

Баку: Имаме одговор доколку Ереван го употреби ракетниот систем „Искaндер“

Читај повеќе

Гордана Јанкулоска упатена во КПУ Идризово за случајот „Тенк”

Читај повеќе

Меркел: Бројот на заразени во Германија би можел да биде 19.200 дневно

Читај повеќе

Клуге: СЗО сѐ уште не знае дали коронавирусот настанал по природен пат

Читај повеќе