ПРЕЗЕНТИРАН ПЛАНОТ RESTART TOURISM НА ГРЧКАТА ВЛАДА

Одморот во Грција без задолжителен тест и без карантин

Атина, 20 мај 2020 (МИА) – Без било каков вид на тест и без задолжителен карантин, од 15 јуни 2020 година, започнува странскиот туризам во Грција за посетители од држави со добри епидемиолошки карактеристики, а балканските земји може да бидат меѓу првите за кои ќе биде дозволен влез, согласно планот на грчката Влада „Restart tourism“, презентирани од министерот за туризам на Грција, Харис Теохарис, кој рече дека станува збор за „програма што ги содржи сите неопходни предуслови за брзо и безбедно да започне грчкиот туризам“, јави дописничката на МИА од Атина.

-Во соработка со комисијата на епидемиолози ќе се одреди листа на земји со кои ќе се ослободат летовите, пред крајот на месецот ја соопштиме оваа листа. Ослободување значи, и ова треба да се истакне за да им биде на сите јасно, дека предуслов нема да биде правење на било каков вид на тест за некој да дојде во нашата земја и нема да постои карантин. Но, ја задржуваме нашата можност да правиме тестови по случаен избор за епидемиолошки да следиме што се случува, рече Теохарис.

Надлежниот министер објасни дека постојат пет фази, првите две се однесуваат на домашниот туризам, на 25 мај се ослободува патувањето со јахти, а на 1 јуни се отвораат камповите и хотелите кои работата во текот на целата година.

Следните три фази, почнувајќи од 15 јуни се однесуваат на странскиот туризам, со отворање на останатите туристички објекти, меѓу кои и сезонските и со дозвола за првите летови од странство.

-Ако ситуацијата е како што е сега, сигурни сме дека од балканските до балтичките земји, еден пример е Бугарија, ќе бидат меѓу првите земји со кои ќе можеме да го обновиме поврзувањето, рече Теохарис, пренесе МИА.

Фазата од 1 јули предвидува дозвола за летови од странство кон сите аеродроми, како и дозвола за влез на туристи од сите земји, но во зависност од епидемиолошките карактеристики, може да постојат и исклучоци за одредени земји.

Паралелно, за безбедно да се примат туристите, предвиден е план за управување доколку се појави позитивен случај. Во планот е вклучено зајакнување на здравствениот капацитет на туристичките дестинации, што меѓу другото предвидува туристичките објекти да имаат соработка со лекар, како и управување со позитивен случај за што треба да постојат специјални „простори-карантин“ во секој регион и на секој остров.

Исто така ќе постојат посебни здравствени протоколи за работа на хотелите и туристичките објекти, за туристичките автобуси, за превозот, транспортот и сл, а ќе бидат вклучен во закон кој во следните денови ќе се гласа во грчкиот Парламент.

Меѓу економските мерки за поддршка на туризмот, како што беше соопштено денеска, вклучено е намалување на ДДВ-то за превозот, за кафето и безалкохолните пијалаци и на туристичките пакети.

Во владиниот план, предвидени се и мерки за поддршка на домашниот туризам.

Министерот за туризам соопшти дека во 2019 година, 33 милиони туристи ја посетиле Грција, а профитот бил 19 милијарди евра.

реклама

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Гаф на романски министер стана хит на социјалните мрежи

Read more

Силно невреме во северниот дел на Хрватска

Read more

Рецепт на денот: Пролетни крокети од компири

Read more

Живот

Ден на младоста: Празник, штафета и слет

Read more

Рамазан Бајрам се слави под маски и во најтесното семејство

Read more

Филипче: Срцето на една сакана мајка и сопруга сега чука тука во градите на Иван и тој го почнува неговиот втор живот

Read more

Кои ќе бидат правилата за примање туристи летово во Бугарија?

Read more

Магазин

  • play_arrow

Гаф на романски министер стана хит на социјалните мрежи

Читај повеќе

Рецепт на денот: Пролетни крокети од компири

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Ден на младоста: Празник, штафета и слет

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

[Дигитален Моден викенд Скопје] Од блогерка, дизајнерка до стилистка – Дани Ѓуровска ги состави стајлинзите за Guess

Читај повеќе

Кинеска вакцина против COVID-19 испитана врз луѓе е безбедна и ефикасна

Читај повеќе
  • play_arrow

Мезе на денот: Потпечени лепчиња со лук и моцарела

Читај повеќе

Рамазан Бајрам се слави под маски и во најтесното семејство

Читај повеќе

Тајланд почна со тестирање вакцина против COVID-19 врз мајмуни

Читај повеќе

Сите сме донори доколку не се изјасниме поинаку, но во суштина сепак семејството го дава последниот збор

Читај повеќе