Владата на Република Северна Македонија на денешната 139. седница донесе одлука со која го задолжи Министерството за образование и наука да спроведе постапка за реконструкција на Студентскиот дом во студентската населба „Стив Наумов“ во Скопје, во најкраток можен рок.
Реконструкцијата, во владиното соопштение, се образложува со прифатената информација за настанатата ситуација во поглед на одредени недоследности и неправилности утврдени во зградата 1 во студентската населба „Стив Наумов“ во Скопје, при извршен инспекциски надзор од страна на Државниот просветен инспекторат.