Основниот суд во Скопје го прифатил барањето на Специјалното обвинителство и му одредил 30-дневен притвор на градоначалникот на општината Пустец во Албанија, Едмонд Темелко.
Тој е обвинет во случајот „Титаник“ околу изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година. Неофицијално се дознава дека, и покрај тоа што имал забрана да ја напушти Македонија, Темелко во изминатиот период неколкупати ја минал границата користејќи албански исправи за идентификација.
Во споменатиот судски случај на Специјалното обвинителство се обвинети и неколку други политичари – Никола Груевски, Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиески, Мартин Протуѓер и Кирил Божиновски.