ЦЕВ ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО 2021

Одреден списокот на одбојкари за настап на претстојното ЕУРО

Без изненадувања и со две измени за разлика од дебитантскиот настап на претходниот континентален собир, селекторот на македонската одбојкарска репрезентација денеска ги одреди патниците за Финска.

Одбојкарите пред последната пријателска со Словачка; Фото: ОФМ

Меѓу четиринаесетте одбојкари на списокот на селекторот Душко Николиќ само двајца се различни од тимот кој го оствари првиот историски деби настап на Европските првенстав во Словенија пред две години. Тоа се Лука Костиќ и Филип Савовски.

Коректор:
Никола Ѓорѓиев

Техничари:
Ѓорѓи Ѓорѓиев
Филип Деспотовски

Примачи:
Александар Љафтов
Владо Милев
Стојан Илиев
Лука Костиќ
Васе Михаилов

Блокери:
Ристо Николов
Филип Маџунков
Филип Савовски
Славе Наков

Либера:
Дарко Ангеловски
Филип Николовски

Од поширокиот список отпаднаа Стојче Арсов, Ефтим Ричлиев и Костадин Ричлиев кои тренираа со репрезентацијата и играа на пријателските натпревари, но сепак ќе мора да почекаат некоја друга шанса за настап на едно големо натпреварување.

До сабота одбојкарите ќе тренираат во Скопје, а потоа заминуваат за Тампере каде од 1 до 8 септември во рамките на групата Ц ќе ги предизвикаат кодомаќинот Финска (1), Холандија (3), Турција (5), Шпанија (6) и Русија (8).

Другите групи се играат во Полска, Чешка и Естонија.

„Пристапот во Финска ќе биде поинаков, македонскиот тим ќе патува без посебен резултатски притисок, но со изразена желба да одигра соодветно, а доколку се случи тоа, можеби и да се надева на чекор понапред од 17-тото место на нашата континентална премиера“, порачуваат од ОФМ.

реклама

Кинески хороскоп за мај: Детална астро анализа за сите знаци

Read more

Едно растение ги брка досадните муви пред да влезат во вашиот дом

Read more

Запален домот на Александар Пандов: Нема да нè запрат и нема да нè поколебаат

Read more

Зошто има толку голем раст на заболени од рак на дебело црево меѓу младите?

Read more

Останати спортови

Поранешен УФЦ шампион го „скрши“ јутјуберот Френки Си

Read more

Усик и Дубоа ќе боксуваат за обединување на титулите во тешка категорија

Read more

Конор Мекгрегор откри под кој услов повторно би се борел

Read more

Тешка повреда на шампионот: Хорхе Мартин заработи 11 скршеници на ребрата

Read more
 

Спорт

Барса и Интер вечер во различно расположение, но со иста цел - чекор кон финалето

Читај повеќе

Ненадејно почина Николче Здравески, легенда на Победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ со скромен трипл-дабл, Мареј беше херојот на Денвер

Читај повеќе

Анчелоти пишманџија

Читај повеќе

Пулишиќ ќе го продолжи договорот со Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Жрепката се насмевна: Алкалоид прво ќе гостува, пехарот во ЕХФ купот ќе се додели во Скопје

Читај повеќе

Мистериозна поврзаност: Кога умира папа, Лигата на шампиони ја освојува англиски тим

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен УФЦ шампион го „скрши“ јутјуберот Френки Си

Читај повеќе

Ламин Јамал има само 17 години, а веќе постигна многу во кариерата

Читај повеќе