Во просториите на ФФМ денеска се изврши жрепката за баражите за пополнување на втората фудбалска лига.

Во жребувањето учествуваа петте победници на третолигашките групи, како и 13-то пласираната екипа од втората лига.
Фортуната одлучи да се играат следниве натпревари:
Башкими 1947 (победник Север) - Влазерими Ј (победник Запад)
Вардар Неготино (победник Југ) - Новаци (победник Југозапад)
Во тек е состанок помеѓу шесте клуба, Комисијата за натпревари на ФФМ и Комисијата за безбедност на ФФМ на кои треба да се договорат деталите за баражите. ФФМ дополнително ќе ги објави стадионите на кои в недела ќе се играат натпреварите на неутрален терен. Ќе се игра еден натпревар и доколку по 90 минути игра нема победник, веднаш ќе се шутираат пенали, без продолженија.
Согласно правилата објавени од ФФМ пред почетокот на изминатава сезона, победниците на трите бараж-натпревари ќе се пласираат во втората лига за наредната 2023/2024 сезона. Поразените три потоа ќе влезат во нова жрепка каде ќе бидат извлечени две среќни екипи кои бидат наградени со пласман во втората лига.
Ваквиот начин на доделување пласман без победа во бараж-натпревар буди огромен сомнеж дека жрепката за поразените ќе биде наместена. Кој може да гарантира дека некој клуб нема да биде фаворизиран поради одредени влијанија?
Инаку, кумановскиот клуб Башкими 1947 најави директен пренос од денешната жрепка, но од ФФМ не им доизволиле да снимаат.
„НАЈНОВА ВЕСТ: Не е дозволен пренос во живо, но штом жрепката заврши ќе ги објавиме деталите“, објави ФК Башкими 1947.
За гол второлигашки живот се борат три поранешни прволигаши (Тетекс, Осогово и Башкими 1947), два долгогодишни второлигаши (Новаци и Вардар Нег.), како и еден клуб кој сака да дебитира во втората лига (Влазерими Ј).
Според жрепката, второлигашот Тетекс важи за апсолутен фаворит против Осогово, клуб од Кочани кој, според информациите што доаѓаат од овој град, во последно време тренира со само десетина фудбалери.
Башкими 1947 исто така важи за апсолутен фаворит бидејќи имаше среќа да му падне најслабата екипа во оваа жрепка, кичевски Влазерими Ј, новоформиран клуб кој лесно беше прв во третата лига Запад каде играа едвај 7 екипи.
Најнеизвесно се очекува да биде на дуелот меѓу неготински Вардар и Новаци од Битолско. Тука е тешко да се одреди кој има повеќе шанси.