Се одржаа 67. Греми награди, а со настапот на Сабрина Карпентер, Чапел Роан, „The Weeknd“, Шакира и Чарли XCX, од кои некои освоија награди, Бијонсе се истакна со освојувањето на својот прв Греми за албум на годината.

Бијонсе влезе во ноќта со најмногу номинации, 11 за нејзиниот албум „Cowboy Carter“ - со што стана најноминирана изведувачка во историјата со 99 номинации во текот на нејзината кариера. Покрај албум на годината, таа доби и награди за најдобар кантри албум и најдобар настап на кантри дуо/група.
Били Ајлиш, Кендрик Ламар, Пост Мелоун и Чарли XCX годинава имаа по 7 номинации, додека Тејлор Свифт, Сабрина Карпентер и Чапел Роан имаа по 6. Ламар победи во 5 категории во кои беше номиниран, освојувајќи и сингл и песна на годината. Роан исто така беше меѓу големите победници на вечерта, земајќи ја наградата за најдобар нов изведувач.
Комичарот и поранешен водител на „The Daily Showa“, Тревор Ноа, се врати да ја води церемонијата петта година по ред. Ајлиш, Роан, Чарли XCX и Карпентер имаа извонредни изведби, заедно со изненадувачкото појавување на „The Weeknd“, кој стави крај на долгогодишниот бојкот на шоуто за награди кое некогаш го нарече корумпирано. Свифт оваа година не беше изведувач, но наградата за најдобар кантри албум ја врачи Бијонсе.
Покрај славењето на најдобрите во музиката, овогодинешните награди се фокусираа и на разорните пожари низ Лос Анџелес од минатиот месец. За време на доделувањето на наградите, Ноа ги потсетуваше гледачите и корпоративните спонзори да донираат во добротворни цели, а време им беше дадено и на сопствениците на локални бизниси кои ги загубија своите објекти во пожарите.
Меѓу наградените беа:
„Cowboy Carter“ – Бијонсе
„Not Like Us“ - Кендрик Ламар
„Not Like Us“ – Кендрик Ламар
Чапел Роан
„Alligator Bites Never Heal“ - Доечи
„Short n' Sweet“ - Сабрина Карпентер
„Cowboy Carter“ - Бијонсе
„Las Mujeres Ya No Lloran“ - Шакира
„Die with a Smile“ - Лејди Гага и Бруно Марс
Комплетната листа на наградени можете да ја погледнете на линков.