Одржливата мода во фокусот на Моден викенд Скопје: Дали сме подготвени?

Александра Спасеска
/ 22.09.2020 / 12:56

Моден викенд Скопје своето 22 издание го посветува на одржливата и свесна мода, во чекор со трендовите на светско ниво, кои се надеваме дека ќе станат новиот стандард.

Најавата на организаторите, кои претходното издание пионерски го одржаа во дигитална форма онлајн, ги разбранува страстите меѓу еколошки освестените модни играчи во индустријата кај нас, кои освен што со едуциран пристап и практичен пример покажуваат како треба да изгледа вистински одржливата мода, исто така се соочени со нефер конкуренцијата на брзата мода, но и обидите за green washing во рамки на индустријата во време кога се чини стана „ин“ да си „зелен“.

Неизбежно се поставува прашањето „Дали сме подготвени?“ - и како индустрија и како потрошувачи - за вистински, реален, одржлив пристап кон модата како потреба, како естетика, но и како бизнис? Се надевам дека по одржувањето на Модниот викенд Скопје сезонава ќе имаме дел од одговорите на овие прашања или барем навестување во која насока ќе се движиме.

Evgenija Zafirovska

FWSK и ONLYAFEW најавуваат реномирани дизајнери, како и нови иновативни таленти од нашата земја и странство, што ќе се претстават во рамки на тридневниот шоурум „Свесна Мода“ од 1 до 3 октомври во Јавна Соба.

Ова значи дека Моден викенд Скопје конечно ги отвора вратите за сите љубители на убавиот и квалитетен дизајн кои ќе имаат уникатна можност да ги погледнат изложeните креации во живо, одблизу да се запознаат со работата на дизајнерите, како и на лице место да си одберат единствени парчиња по поволни цени.

Со музички перформанс на маестралниот Gloomié за свечено отварање на дваесет и второто издание, наредниот четврток (01.10) со почеток од 19 часот во Јавна Соба ќе се означи стартот на најкултното модно случување во градот. Моден Викенд Скопје оваа сезона е конципиран како тридневен „поп-ап“ настан со продажен шоурум, арт инсталации, студентски изложби, едукативни предавања и богата музичка програма. Влезот е слободен од 10 до 22 часот во петок (02.10) и сабота (03.10). 

Senka

Списокот учесници на CONSCIOUS FASHION POP UP SHOWROOM го сочинуваат низа еминентни и перспективни дизајнери и брендови од земјата и странство, како Irina Tosheva, Evgenija Zafirovska, Terziya, Stefanija Naseska, Para Todos, Minnimal MK, Kotev Ksenija, Seddum, Tessuti Art by Ana Jakim, Meleem, Senka, Lipa, Saksija Urban Pots, Siidess Furniture… Експонатите ќе може да се купат со големи попусти на принципот „See now - Buy now“.

„Заедно со нашите партнери направивме внимателна селекција на современи дизајнери и брендови кои вреди да ги види широката публика. Главна цел како организациски тим ни е да им пружиме максимална поддршка на креативните дејци во моментот, фокусирајќи се на врвните имиња, но и на новите таленти кои следат еколошки, занаетчиски и етички пристап во работата. Тие се модните херои на денешницата, бидејќи позитивно влијаат на свеста на заедницата“, истакнува Милан Атанасов, координатор за односи со јавност на FWSK.

Lipa

Моден Викенд Скопје ја продолжува плодната соработка со школата за уметност и дизајн Djolev and the Arts, чиишто студенти низ изложба на своите изработки ќе ви докажат дека на македонската мода и дизајн им се насмевнува светла иднина.

Во однос на eдукацијата за целосната одржливост како начин на живот којшто може да има длабок импакт на иднината на планетата и човештвото генерално, со професионални излагања на темата ќе се вклучат во панел дискусија претставниците на Fashion Revolution Macedonia.

„Отворањето на дискусијата за одржливата мода на настан од калибарот на Моден викенд со сигурност е добар чекор напред кон остварување на нашите напори за сеопфатна едукација и кревање на свеста на оваа тема како кај дизајнерите, така и кај потрошувачите. Нѐ радува што мисијата и визијата на Модна револуција ќе можеме одблизу да им ги објасниме на модните вљубеници и да покажеме дека не е тешко да се биде одржлив моден потрошувач“, велат од тимот на македонскиот огранок на FR.

Кон мисијата да се промовира најдоброто од одржливиот дизајн во Скопје, како коорганизатор за реализација на проектот „Свесна Мода“ се придружи берлинската консалтинг агенција ONLYАFEW, предводена од тандемот Дороти Сара Спехар и Кристина Илиевска, кои по пробивот на скандинавската сцена во Копенхаген, како нареден предизвик за проширување на нивната заедница ја препознаа нашата метропола.

Para Todos

„Ни претставува особена чест и задоволство што сме активно вклучени во сите аспекти, од планирањето до имплементацијата на идеи за овогодинешното издание на Моден Викенд Скопје. Нашата агенција нуди консултантски услуги скроени по мерка за брендовите, односно им овозможува да ја дефинираат нивната ДНК, заснована на одржливост, креативност и иновативност. Ја промовираме визијата за мали колекции базирани на вештини, разумни пласмани за продажба, фер услови помеѓу брендовите и трговците, како и радикална транспарентност“, нагласува Кристина Илиевска, креативен директор во ONLYAFEW.

Seddum

Сите последни вести за учесниците и за програмата, односно мултимедијалните содржини пред, за време и по одржувањето на настанот ќе се објавуваат тековно и онлајн на социјалните мрежи. Дигитален партнер на дваесет и втората сезона на Моден Викенд Скопје е телекомуникацискиот оператор А1.

Организаторите нагласуваат дека за време на настанот ќе бидат применети сите мерки и препораки за заштита и превенција од COVID-19.

Не заборавајте да се вклучите во шоурумот „Свесна Мода“ од 1 до 3 октомври и бидете сведоци за делата на нашите херои.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Живот

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе