Одземени над 10 килограми злато поради незаконско работење 

Одземени се повеќе од 10 килограми нежигосани предмети (злато и златен накит) во  контроли извршени вчера кај повеќе правни лица на подрачјето на Скопје, Тетово, Гостивар и Кичево, кои се занимаваат со откуп, изработка и продажба на златен накит.

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при МВР – Сектор за економски криминал и корупција, во координација со Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи, констатирале и непочитување на обврските кои произлегуваат од Законот за регистрирање на готовински плаќања, како и кривични дела определени во Кривичниот законик.

– При контрола на осум златарници во Скопје беа пронајдени и одземени околу 661 грам нежигосано злато, во  Тетово при контрола на 11 златарници беа пронајдени и одземени  7.399 грама нежигосано злато, во Гостивар при контрола на седум златарници беа пронајдени и одземени 1.690 грама, а во Кичево при контрола на три златарници беа пронајдени и одземени 269 грама нежигосано злато, соопштија денеска од МВР.

Од страна на Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи биле констатирани и други неправилности кои се соодветно санкционирани. По целосно документирање на случаите против сопствениците и правните лица ќе бидат поднесени соодветни пријави. 
 

реклама

Неделен хороскоп од 25 септември до 1 октомври

Read more

Пијалаци што не треба да ги пиете ако имате висок крвен притисок

Read more

Што се добива кога ќе завариш две Југо коли во една?

Read more

Експертите предупредуваат на „тивкиот убиец“ без симптоми

Read more

Хроника

Бебе тешко повредено во градинка во Скопје

Read more

Дете со мотор во Струга прегази девојче на улица

Read more

35-годишен маж загина во пожар во зграда во Хром

Read more

Тинејџер со украдено возило усмртил жена на тротоар во Скопје и побегнал

Read more
 

Вести

Како Руската православна црква регрутира шпиони низ парохиите низ САД?

Читај повеќе

Пендаровски: Потребни ни се блиски врски меѓу Македонија и дијаспората

Читај повеќе

Бебе тешко повредено во градинка во Скопје

Читај повеќе

Шефот на сицилијанската мафија во кома, лекарите престанаа да го хранат

Читај повеќе

Доларот зајакна десетта недела по ред – ова не се случило 10 години

Читај повеќе

Активни шест пожари во околината на Прилеп и Битола

Читај повеќе

Попладне нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Мицкоски: Ахмети и Џафери да ја кажат вистината за содржината на УСБ-то и пликото кои што им биле дадени

Читај повеќе

Дете со мотор во Струга прегази девојче на улица

Читај повеќе