Netflix го објави трејлерот за новата роматична комедија чија премиера со нетрпение се очекува на почетокот од септември.
Кеси е зависничка од забави. Но, умира за време на неделата кога го слави својот роденден. На нејзино изнемнадување, добива втора шанса, но мора да го поправи своето однесување и да ги исправи грешките кои ги правела.
Режијата е на Стивен Херек, сценариото го напиша Кери Фридл, а во главните улоги се појавуваат Викторија Џастис, Адам Гарсија и Мидори Френсис.
Филмот во САД ќе биде премиерно прикажан ан 2 септември.