Официјален трејлер за крими хоророт The Pale Blue Eye
„The Pale Blue Eye“ е двочасовен крими хорор со Кристијан Бејл во главната улога.
Дејството се одвива во Вест Поинт во 1830 година. Еден светски детектив е ангажиран за дискретно да го истражи грозоморното убиство на кадет. Спречен од кодот на молчење на кадетите, тој бара еден од нивните да помогне во разоткривањето на случајот - млад човек што светот подоцна ќе го запознае како Едгар Алан По.
Режијата е на Скот Купер, кој на сценарито работеше зеадно со Луис Бајард, кој пак е автор на истоимениот роман. Покрај Бејл, во главните улоги се појавуваат и Хари Мелинг и Џилиан Андерсон.
Филмот на Netflix ќе излезе на 6 јануари.