Официјален трејлер за „The Last Letter From Your Lover“ на Џоџо Мојс
Netflix го објави трејлерот за новата романтична драма која летово ќе ја има својата премиера.
Филмот ја следи приказната за љубовната афера од 60-тите години на минатиот век која ја открива една новинарка 60 години подоцна преку стари љубовни писма.
Режијата е на Огустин Фризел, а во главните улоги се Фелисити Џонс, Шејлин Вудли и Калум Тарнер.
Филмот е базиран врз истоимената книга на Џоџо Мојс.