Официјален трејлер за мини-серијата Transatlantic
Стриминг платформата Netflix објави официјален трејлер за претстојната историска драма мини-серија наречена „Transatlantic“.
Дејството на серијата се одвива во раните 40-ти во Марсеј, за време на Втората светска војна. Двајца Американци и нивните сојузници формираат нестабилна спасувачка операција во 1940 година во Марсеј за да им помогнат на уметниците, писателите и другите бегалци кои бегаат од Европа во која беснее војната под налетот на Германците.
Во главните улоги се Џилиан Џејкобс, Кори Мајкл Смит, Јоли Фулер и Надив Молчо.
Првата епизода ќе биде премиерно прикажана на 7 април на, се разбира, Netflix. Првата сезона брои вкупно 7 епизоди.