Филмот „The French Dispatch“ отелотворува збирка текстови од последното издание на американско списание што излегува во измислен град во Франција во 20. век.
Европската редакцијата на весникот решава да објави меморијално издание во кое ќе бидат истакнати трите најдобри вести на деценијата: уметник осуден на смртна казна, студентските протести и киднапирање кое го решил еден готвач.
Сценариото и режијата се на Вес Андерсон, а продуценти се Андерсон, Стиве Рејлс и Џереми Досон.
Филмот има неверојатна актерска екипа: Бенисио дел Торо, Едријан Броди, Тилда Свинтон, Бил Мареј, Леа Сејду, Френсис Мекдорманд, Тимоти Шаламе, Џефри Рајт, Лина Кудри, Метју Алмарик, Стивен Парк и Овен Вилсон, а помали улоги имаат уште многу познати актери, како Анжелика Хјустон и Кристоф Валц.
Филмот ќе има премиера на 24 јули.