Официјален трејлер за „Single All The Way“
Комична приказна за Питер, кој е геј, и кој ќе го убеди својот најдобар другар Ник да се преправа пред неговата фамилија дека му е дечко за да ги избегне секогаш незгодните прашања од типот „Зошто не си во врска?“. Но, мајка му има други планови за него.
Улогите ги толкуваат Мајкл Ури, Филмон Чејмбрс, Кети Наџими и Лук МекФарлан. Режијата е на Мајкл Маер, а сценариото на Чед Хоџ.