Официјален трејлер за трилер хоророт „Night Teeth“
Netflix го објави официјалниот трејлер за новиот трилер хорор кој на платформата треба да излезе за еден месец.
Во режија на Адам Рендал и сценарио на Брент Дилон, филмот ја раскажува приказната за група вампири кои шетаат низ Лос Анџелес.
Улогите ги толкуваат Хорхе Лендеборг, Деби Рајан, Меган Фокс, Луси Фрај, Алфи Ален, Раул Кастиљо и Александер Лудвиг.