Официјални состави: Милевски со најсилниот тим ќе удри на Лихтенштајн

Селекторот Благоја Милевски се одлучи со формација 4-2-3-1 да истрча вечерва на квалификацискиот натпревар на „Рајнпарк“ стадионот во Вадуц.

Фото: ФФМ

На голот е стандардниот Столе Димитриевски; во одбраната лево е Кире Ристевски, десно изненадувачки Дарко Чурлинов, кој обично игра понапред, а како централни бекови се Дарко Велковски и капитенот Стефан Ристовски; во средниот ред повратникот Аријан Адеми и Стефан Спировски; во офанзивната средина лево е Џани Алиоски, десно Елиф Елмас со Александар Трајковски како трекуартиста, додека истурен во нападот е Милан Ристовски.

Во комбинација за овој натпревар не се суспендираните Висар Муслиу и Тихомир Костадинов.

Со оглед на одредените отсуства, вклучително и повредениот Енис Барди, во моментов ова е најсилниот тим кој на располагање го има репрезентацијата на Македонија.

Кај домаќинот, сеслекторот Мартин Штоклаза се одлучи за Бени Бихел помеѓу стативите; во одбраната Максимилиан Гепел, Јенс Хофер, Даниел Кауфман, Андреас Малин и Сандро Волдингер; во средината капитенот Николас Хаслер, Фабио Волфингер и Арон Зеле; во нападот Ноа Фрик и Јаник Фрик.

Натпреварот ќе го суди полскиот арбитар Бартош Франковски, а ќе му помагаат сонародниците Марчин Боњек и Јакуб Винклер, додека четврти судија е Кжиштоф Јакубик. И во ВАР собата се Полјаци и тоа Павеу Рачковски и неговиот помошник Кжиштоф Мирмус.

Директен пренос од 20:45 часот ќе врши Sportklub 3.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Фудбал

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more
 

Спорт

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе