Фудбал

Официјално: Гризман е играч на Барса

12. јули 2019 - 16:06 | МИА
Барселона, 12 јули 2019 (МИА) – Барселона официјално го објави трансферот на Антоан Гризман.

Каталонскиот клуб ја плати клаузулата од 120 милиони евра за францускиот стрелец и го ослободи од договорот со Атлетико Мадрид.

Вкупно 20 отсто ќе одат во касата на претходниот клуб Реал Сосиедад – 24 милиони евра.

Дваесет и осумгодишниот напаѓач ќе потпише петгодишен договор со „Лос Кулес“ и неговата нова откупна клаузула ќе изнесува 800 милиони еврa.

Коментирај