Официјално: Луис Енрике се повлече од селекторската позиција на Шпанија

Мадрид, 19 јуни 2019 (МИА) – Луис Енрике веќе не е селектор на шпанската репрезентација поради лични проблеми. Оваа вест беше објавена на вонредна прес-конференција која беше повикана од Луис Рубиалес, претседател на фудбалската федерација.

Поранешниот тренер на Барселона минатото лето ја презеде „фуријата“, но во последниве неколку месеци тој не го предводеше тимот поради проблемите во прашање, за кои не се знае какви се точно.

„Енрике ни кажа дека не може да продолжи. Му благодариме за завршената работа, а вратите за него се секогаш отворени“, рече Рубиалес.

Неговото место ќе го заземе неговиот поранешен помошник, Робер Морено, кој ја водеше Шпанија во последните три натпревари.

Морено беше дел од штабот на Лучо во Селта и Рома, како и во Барселона потоа. Тој беше одговорен за видео анализите на ривалите, но во последниве месеци ги импресионира сите со својата работа и затоа го презема кормилото на репрезентацијата.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Фудбал

Родри една година не доживеал пораз

Read more

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Read more

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Read more

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Read more
 

Спорт

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата единаесетка на 21. век

Читај повеќе
  • play_arrow

Бразилците лути по ремито во Мадрид: Без ВАР, повеќе нема да играме пријателски натпревари

Читај повеќе
  • play_arrow

Роналдо повторно има нова ѕверка, со моќен мотор

Читај повеќе

Ангеловски распали по ФФМ и Милевски: Наместо подобрување, со својата нестручност ја растурија најдобрата генерација

Читај повеќе

Ѓоковиќ и Иванишевиќ ја прекинаа соработката

Читај повеќе