Официјално: Специјалната епизода на „Friends“ ќе се снима во август

Конечно падна договор. Специјалната епизода со актерите од култната ТВ-серија „Friends“ ќе се снима во август, потврдија продуцентите.

Актерската екипа долго време ги држеше во тајност информациите за снимањето на специјалното шоу, а само што потврдија дека повторно се собираат, почна пандемијата со коронавирусот.

Тоа ги поремети плановите, а фановите се загрижија дека проектот нема никогаш да се реализира. Снимањето требаше да почне на почетокот на март, но продукцијата беше ставена на пауза, како и остатокот од филмската и ТВ продукција во САД и светот.

„Се надеваме декаќе може да почнеме со снимање во август, ако сѐ е добро и нема втор бран. Ако сѐ биде на свое место и ги почитуваме сите мерки, ќе снимаме во средината и крајот на август“, рече креаторката на шоуто Марта Кауфман.

Екипата ги споделуваше идеите за шоуто преку видеоповици за време на карантинот.

Како што HBO Max соопшти во февруари, специјалната епизода ќе биде едночасовна собиранка на актерите од „Friends“: Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиса Кудроу, Метју Пери, Дејвид Швимер и Мет Лебланк.

„The one where they got back together“, соопшти тогаш HBO Max во стори на Instagram (или „Епизодата во која сите пак се собраа заедно), алудирајќи на специфичните наслови на посебните епизоди во серијата што се емитуваше од 1994 до 2004 година.

„Екипата на Friends повторно ќе се собере за ексклузивно едновечерно шоу на HBO Max“, стоеше во објавата под хаштаг #FriendsReunion.

Сите оригинални актери од серијата ќе се вратат на оригиналната сцена Stage 24 во студиото Warner Bros. Studio во Бурбенк, Калифорнија, за специјалното шоу во чест на серијата.

Секако, ова не значи дека се обновува серијата, туку е само паметен потег на актерите и на продуцентите да ја искористат обновената популарност на серијата, во време кога има огромна носталгија по 90-тите.

Според сајтот Deadline, за овој ангажман секој од „Пријателите“ ќе добие астрономски хонорар од 3 до 4 милиони долари. Во последните две сезони од серијата што се емитуваше од 1994 до 2004 година актерите добиваа по 1 милион долари по епизода.

Тагови
реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Филм & ТВ

Најконтроверзниот реквизит од филмот Titanic продаден на аукција за неверојатна цена

Read more

Лошите момчиња се вратија: Прв трејлер за Bad Boys 4

Read more

Ен Хатавеј смета дека освојувањето Оскар негативно ѝ влијаело на кариерата

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Најконтроверзниот реквизит од филмот Titanic продаден на аукција за неверојатна цена

Читај повеќе
  • play_arrow

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Читај повеќе
  • play_arrow

Лошите момчиња се вратија: Прв трејлер за Bad Boys 4

Читај повеќе

Ен Хатавеј смета дека освојувањето Оскар негативно ѝ влијаело на кариерата

Читај повеќе

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Почина Мирко Попов

Читај повеќе
  • filter

„Кралицата на ботоксот“ позираше во долна облека за магазинот Elle

Читај повеќе

Бијонсе разголена за новиот албум

Читај повеќе