Официјално: Таткото на Меган Маркл нема да присуствува на венчавката

Идната сопруга на принцот Хари, Меган Маркл, официјално потврди дека нејзиниот татко нема да биде присутен на кралската венчавка во сабота, пренесува „BBC“.

Маркл наведе дека секогаш се грижела за својот татко и се надева дека тој ќе има доволно простор да се фокусира на своето здравје.

Во изминативе неколку дена се отворија шпекулации дека Томас Маркл би можел да ја пропушти кралската венчавка поради операција, а таа информација денеска е официјално потврдена.

Поради тоа, тој нема да ја испрати својата ќерка до олтарот.

Томас Маркл моментално се наоѓа во Мексико, а неодамна се најде во центарот на вниманието поради монтирани фотографии.

Потоа, американскиот сајт „TMZ“ објави дека нема да дојде на венчавката поради тие контроверзии. На крај, сепак, соопштено е дека не доаѓа поради планирана операција на срцето.

Полусестрата на Меган, Саманта, изјави дека нивниот татко доживеал голем стрес.

На монтираните фотографии на новинарите се гледа како Томас се подготвува за венчавката на својата ќерка.

Засега не е познато кој ќе ја испрати Меган до олтарот.

Една од опциите е нејзината мајка, но би можело да се случи и Меган до принцот да дојде сама, без придружба.

реклама

Живот

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе