ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2021

Официјално: ВМРО-ДПМНЕ победи во Гази Баба и Кисела Вода, втор круг во Чаир

Преброени се 100% од гласовите во скопските општини Гази Баба, Кисела Вода и Чаир. Во првите две општини градоначалници уште по првиот круг доби ВМРО-ДПМНЕ, додека во Чаир ќе има втор круг.

Убедлив победник во Гази Баба е Бобан Стефковски од ВМРО-ДПМНЕ кој освои 60% од гласовите, односно 17.910, пред Борис Георгиевски од СДСМ со 29,49% (8.804 гласови). Катерина Јовановска Ивановска од ТМРО освои 574 гласови (или 1,92%), а Ѓорги Тодоров од Интегра 544 гласови (1,82%).

Нов градоначалник на Кисела Вода е Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ кој со 14.691 глас (односно 52,50%) убедливо победи во однос на останатите кандидати. Втор е Филип Темелковски од СДСМ со 7.691 глас (27,48%), трета Јулијана Штрковска-Колариќ од Левица со 2.794 гласови (9,98%), потоа Ѓулистана Марковска од ЛДП/ДОМ со 1.481 глас (5,29%) и на крај Росанда Марковска од ТМРО со 127 гласови (0,45%).

Во Чаир ќе се оди на втор круг откако кандидатот на ДУИ, Висар Ганиу, за малку не го стигна прагот од 50%+1. Тој освои 13.020 гласови, или 48,87%. Него противкандидат ќе му биде Беким Сали од Алијанса и Алтернатива кој освои 9.849 гласови (или 36,97%). Трет заврши Кастриот Реџепи од Беса со 1.071 глас (4,02%), Елдан Џигал од БДС доби 590 гласа (или 2,21%), а Мисин Градунај од ДПА доби само 253 гласа или помалку од 1% (0,95%).

При крај е пребројувањето во Карпош каде Душко Весковски од СДСМ е сигурен патник во вториот круг, а фото-финиш ќе одлучи дали ќе му се придружи Стевчо Јакимовски од ГРОМ кој има блага предност пред Оливер Зафировски од ВМРО-ДПМНЕ.

Со овие два градоначалника сега ситуацијата според партии е следна:

  • СДСМ - 9 градоначалници
  • ВМРО-ДПМНЕ - 20 градоначалници
  • ДУИ - 3 градоначалници
  • ДПТМ - 1 градоначалник

Во Ѓорче Петров има уште околу 11% од гласовите да се пребројат, а таму Александар Стојкоски од ВМРО-ДПМНЕ има шанса да победи и во првиот круг бидејќи моментално има 49,85% од гласовите.

Во Аеродром остануваат уште околу 10% од гласвите да се пребројат, а во водство е Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ со 55,35% и има голема шанса да триумфира уште во првиот круг пред Александар Филиповски од СДСМ и Весна Кираџиева од Левица.

реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Македонија

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Read more

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Read more

Пендаровски со претставка за говорот на омраза, навредите и дискриминацијата од страна на Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ

Read more

ДУИ си играше власт: Османи стана претседател, Села на Собранието, Бугарите влегоа во Уставот

Read more
 

Вести

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе

Пендаровски со претставка за говорот на омраза, навредите и дискриминацијата од страна на Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ

Читај повеќе

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Читај повеќе