Официјално: Загинати се 44 патници, не 45

На денешната прес-конференција на Државното јавно обвинителство на Бугарија беше истакнато дека бројот на жртвите во изгорениот автобус е 44 не 45 или 46 како што претходно се тврдеше.

Бугарското обвинителство даде отчет за истрага при што нагласи дека истражителите на местото на несреќата издвоиле 44 трупа. Седуммина преживеани се сместени во болницата „Пирогов“, а при разговор со човекот кој го скршил прозорецот од автобусот и овозможил тие да се спасат, рекол дека од автобусот излегле 8 луѓе.

Списокот на патници во автобусот вели дека имало 50 патници и двајца шофери, односно вкупно 52. Но, бројот на жртви е 44, а преживеани 7, значи вкупно 51 - што според Бугарското обвинителство значи дека еден веројатно претходно се префрлил во друг автобус.

Бугарските обвинители сметаат дека изјавата дека 8 лица излегле од автобусот е неточна.

„Ние пронајдовме 44 трупа, а тој категорично изјави дека се спасени 8 лица. Јас му реков 'вие сте 7 во болницава'. И тој категорично ми рече 'не, ние се спасивме осуммина'. Во текот на истрагата, беа пронајдени 44 трупа. Според податоците со кои располагаме, патувале 52 лица, ние пронајдовме 44 тела, а се хоспитализирани 7 лица – четворица мажи и три жени. Останува големата загатка, каде е осмото лице. Работиме на таа верзија, не сакаме да шириме дезинформации, може да се работи и за лошо сеќавање на сведокот“, истакна портпаролката на главниот обвинител на Бугарија, Сијка Милева.

реклама

Македонија

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Read more

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Read more

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Read more

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе