ОФМ стави крај на одбојкарските лиги без прогласување победници

Одбојкарската федерација на Македонија донесе одлука за дефинитивен крај на сезоната во сите лиги и категории, а првак нема да биде прогласен во никоја.

Фото: ОФМ

„Се прекинува првенството за натпреварувачката сезона 2019/2020 во сите категории (мажи и жени), без прогласување на победници“, почнува соопштението на ОФМ.

Што се однесува до пласманот во еврокуповите за наредната сезона, екипите учеснички ќе бидат одбрани според пласманот на табелата во моментот на прекин.

„Одлуката е донесена по последните препораки и забрани од страна на Министерството за здравство за превенција од коронавирусот, како и по препораките на Светската здравствена организација за заштита на здравјето и безбедноста, коишто опфаќаат забрана на сите јавни и приватни собири, без разлика на обемот и бројката на учесници, а особено имајќи ја предвид моменталната состојба со епидемијата (бројот на заболените) во нашата држава и продолжување на вонредната состојба“, соопштува Федерацијата.

Во најквалитетната машка лига лидер беше Вардар со 33 бода, пред Џио Струмица со 30 и Универзитет Тетово со 27. Кај жените истотака Вардар водеше со 41 бод, пред Работнички со 38.

Од ОФМ не открија дали ќе има испаѓање, меѓутоа истакнаа дека дколку има клубови од втората лига заинтересирани за настап меѓу најквалитетните, треба да аплицираат, па потоа оние кои ги исполнуваат критериумите ќе добијат дозвола за настап.

Тагови
реклама

10 август 1913, Со Букурешкиот договор била поделена Македонија

Read more

Голема експлозија и во Русија

Read more

Видра скокна на брод бегајќи од орка кит

Read more

Осветлен и раззеленет, стадионот во Прилеп предаден на општината

Read more

Останати спортови

УФЦ нокаут како на Зангиеф од Street Fighter

Read more

Хабиб: Џастин е добар дечко. Ќе го удавам

Read more

Forbes ги прогласи највредните спортски клубови

Read more

Првпат по 28 години откажан Охридскиот маратон

Read more

Спорт

Откако го пропушти Санчо, Јунајтед ќе го брка Даглас Коста

Читај повеќе
  • filter

Осветлен и раззеленет, стадионот во Прилеп предаден на општината

Читај повеќе

Солскјер: Лига Европа е топ за младите играчи

Читај повеќе

Атлетико откри кои се заразените играчи, тимот сепак ќе игра во Лисабон

Читај повеќе

Фоланд: Не се плашиме, можеме да го исфрлиме Интер

Читај повеќе

Македонските претставници во Лига Европа ги дознаа противниците

Читај повеќе

Слатка одмазда: Лајк од Манџукиќ за отказот на Сари

Читај повеќе
  • play_arrow

Вилијан емотивно се збогува од Челси, навивачите огорчени од трансферот кај најголемиот ривал

Читај повеќе

Атлетико Мадрид потврди два случаи на зараза со коронавирус

Читај повеќе