Оглас за работа: Се бара претседател на Русија

Руска страница за огласи и барање на работа, објави оглас за работно место претседател на Русија, со наведување на потребните услови.

Во описот стои дека кандидатот ќе бида избран според резултатите од изборите во 2018 година.

Популарната страница за барање на работа „Superjob“ наведува дека за работното место претседател на Руската федерација можат да конкурираат кандидати над 35 години, а дека полот, образованието и искуството не се важни.

Личноста која ќе се пријави за оваа должност мора да биде социјално активна и да е патриот.

Идеалниот кандидат треба да поседува руско државјанство најмалку во текот на последните десет години, мора да знае барем еден странски јазик и да биде подготвен за чести службени патувања.

Меѓу обврските е и потпшување на државни закони, меѓународни договори, амнестија и уште многу други работи.

Лицето на позција претседател може да користи службен авион, стан, викендица, лична канцеларија во Кремљ и бесплатен превоз на релација работа и дома.

Од оваа страница велат дека ваквиот оглас воочи претседателските избори за нив е традиција.

„Само сакаме да потсетиме дека позицијата претседател на државата, е исто така работно место“, соопштено е од уредниците на страницата.

Претседателските избори во Русија ќе бидат одржани во март следната година, а рускиот претседател и фаворит за нов мандат Владимир Путин се уште се нема изјаснето дали пак ќе се кандидира. 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Свет

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Read more

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Read more

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more
 

Вести

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе