Ивана Кнол стана вистинска сензација за време на Светското првенство во фудбал, а за време на натпреварувањето го следеше секој натпревар на хрватската репрезентација.

„Огнените“ го освоија третото место, а Кнол остана до крајот на Мундијалот и го следеше тензичното финале помеѓу Аргентина и Франција.
Но на забавата ѝ дојде крајот и најжестоката хрватска навивачка ги спакува куферите и се врати дома.
Нол објави Story на Instagram од аеродромот во Катар, каде ги сподели своите впечатоци од натпреварот.
„Тешко ми е да ја напуштам Доха. Тоа е мешавина од радост, тага, збунетост, сето тоа заедно. Ќе ми недостига ова место“, напиша Кнол, бришејќи солза во последните моменти од објавата.

Кнол патуваше облечена во црно, што не е карактеристично за неа, но во оваа комбинација не недостасуваше хрватската „шаховница“.
Кнол на овој шампионат го привлече вниманието со своите модни избори, кои ја направија мета на јавноста. Локалното население бараше инфлуенсерката да ја почитува муслиманската култура.
За атрактивната бринета се пишуваше дека ќе се соблече целосно гола доколку Хрватска го освои Светското првенство. По Светското првенство, Нол има 3,5 милиони следбеници на Instagram.