Разбојник вооружен со пиштол ограбил аптека во Скопје.
Според информациите на МВР, вчера, во 07:20 часот, во Скопје, на бул. „Крсте Мисирков“, во аптека „Зегин“ непознат маскиран сторител извршил разбојништво со закана со пиштол и од вработените украл околу 3.500 денари.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР- Скопје. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот.