Непознато лице утрово околу 11.30 часот ја ограбило експозитура на „Стопанска банка“ во населба Аеродром лоцирана на улица „1613“.
Крадецот со закана со оружје од вработените украл пари од пултовите. На самото место полициски екипи направија увид.
Засега нема информација колку пари се украдени.