Ограбена луксузната вила на Ѓоковиќ вредна 10 милиони евра

Новак Ѓоковиќ пред неколку месеци купи луксузна вила во Марбеља, шпанско одморалиште во близина на Малага, но многу брзо се најде на мета на крадци кои провалиле и ограбиле одредени скапоцености.

Според српските медиуми, грабежот се случил на 23 август, а од куќата биле земени пари, накит и скапи часовници. Во тој дел од популарното одморалиште беа ограбени 22 куќи, а една од нив е онаа на Ѓоковиќ, која ја користи најмладиот брат на Новак, Ѓорѓе.

Импресивното здание српскиот тенисер го чинеше 10 милиони евра и се простира на 1.000 m² од вкупно 3.500 m² колку што е површината на целиот имот. Пред да го купи Новак се изнајмуваше по цена од 10.000 евра неделно.

Во надворешниот дел на имотот има голема градина со базен со поглед кон морето и планините. Пред куќата има скара, простор за забава, па дури и тениско игралиште каде Ѓоковиќ може да тренира и вежба кога е на одмор во Марбеља или кога ќе одлучи да помине неколку дена таму со своите најблиски.

Remote video URL

Внатрешноста на куќата е украсена со многу интересни модерни орнаменти, а има огромна дневна соба со неколку софи и фотелји, камини, соби со балкони со поглед на Медитеранот и неколку луксузни бањи.

Собите и трпезариите се поврзани со сводови, а подовите и мебелот се мешавина од антички и модерен дизајн.

Инаку, Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на УС Опен откако го победи Американецот Џенсон Бруксби со 3:1 во сетови (1-6, 6-3, 6-2, 6-2). Најдобриот тенисер на светот ќе игра во четвртфиналето со Италијанецот Матео Беретини, кој го победи Оскар Оте со 3:1 (6-4, 3-6, 6-3, 6-2).

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Тенис

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more

Ѓоковиќ одби да одговори на новинарско прашање, тајната на успехот ја чува 15 години

Read more
 

Спорт

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Читај повеќе

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Читај повеќе

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Читај повеќе

Пактот од 1981: Како навивачите на Интер и Милан склучиле примирје?

Читај повеќе

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали Барса беше оштетена за гол на Ел Класико?

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Читај повеќе
  • play_arrow

Падна светскиот рекорд во маратон

Читај повеќе