Вооружен разбојник ја ограбил спортската обложувалница „Спорт Лајф“ и одзел 300.000 денари, соопшти МВР.
Како што соопшти полицијата, на ул.„Ратко Митровиќ“, поточно во спортската обложувалница „Спорт Лајф“, од страна на непознато лице со закана со пиштол било извршено разбојништво врз вработениот, при што биле одземени сума на пари од околу 300.000 денари.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на кривичното дело.