Хроника

Ограбени бензинска пумпа и обложувалница

15. март 2017 - 17:44 | Макфакс

Маскиран разбојник, вооружен со пиштол, ја ограбил бензинската пумпа лоцирана на улица „Радишанска“.

Како што соопшти полицијата, разбојникот под закана со пиштол од вработените одзел 33.600 денари, а потоа побегнал во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Во друг случај, било пријавено дека на бул.„Никола Карев“, во спортска обложувалница непознат сторител извршил разбојништво.

Сторителот со закана со физичка сила од вработената одзел непозната сума пари, по што побегнал во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот. 

Коментирај