Во два одделни случаи вчера во Скопје биле ограбени обложувалници на „Спорт Лајф“. Најпрвин, во ЕИК-Скопје било пријавено дека околу 18 часот на улица „ Благоја Стефковски“во спортската обложувалница „Спорт Лајф“, непознато маскирано лице со закана со пиштол од вработената го одзело дневниот промет.
Во вториот случај пак, околу 20.30 часот во Скопје на улица „Тале Христов“, во спортската обложувалница „Спорт Лајф“, непознато лице со закана со пиштол од вработените одзело засега неутврдена сума на пари.
Од МВР додаваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на двата случаи.