Во кругот на комплексот клиники „МајкаТереза“ во Скопје, пред Клиниката за онкологија, непознат сторител извршил кражба во патничко возило со германски национални ознаки.
Сторителот го отворил возилото и одзел два куфери, 6 000 евра и патна исправа на име А.Б.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.