Авто новости

Ограниченото издание на моделот Volkswagen Arteon само за европските купувачи

8. јануари 2020 - 15:47 | М.С.

Volkswagen за купувачите во Европа го подготви богато опремениот Arteon R-Line Edition кој ќе биде понуден во само 250 примероци.

Година по претставување на караванот Passat со ознака R-Line Edition кој на купувачите во Европа е понуден во само 2.000 примероци, во Volkswagen сличниот рецепт го искористија и во случај за најлуксузниот модел Artion, но споменатиот автомобил ќе биде понуден во 250 примероци.

Исто како и Passat, и Arteon R-Line со себе ја носи сивата боја на каросеријата Moonstone Grey, со црна боја на кровот и 20-инчни алуминиумски фелги. VW е обложен со кожа и дигитална инструментална табла.

Arteon R-Line Edition ќе се нуди во комбинација со силен дволитарски четири-цилиндричен турбо бензин од 190 и 272 коњски сили и турбо дизел мотор 190 и 240 коњски сили, а за пренос на силата задолжен е автоматскиот менувач со две квачила DSG.

Првите испораки на купувачите ќе започнат од наредниот месец, а за моделот Arteon R-Line Edition купувачите во Германија ќе треба да издвојат 55.970 евра.

Коментирај