Огромен астероид оди кон Земјата, но не претставува опасност

Вселенската карпа голема половина километар не претставува опасност по нашата планета бидејќи само ќе помине во „близина“.

Руските научници открија нов масивен астероид кој се движи накај Земјата, објави синоќа Институтот за применета математика М.В. Келдиш (Институт прикладной математики им. М.В.Келдыша). Фотографии од оваа вселенска карпа, чија големина е околу половина километар во дијаметар, беа споделени на социјалните мрежи.

„Ноќта на 1 октомври две опсерватории во Југоисточна Русија го потврдија откритието дека новиот астероид 2022 SE37 ѝ се приближува на Земјата“, објави Институтот.

Астероидот орбитира околу Сонцето на елиптична траекторија, правејќи цел круг за околу 3,44 години, додаде Институтот. Објектот, сепак не претставува непосредна опасност по нашата планета, потенцираат руските научници.

Институтот Келдиш на својот канал на Telegram објави фотографии од астероидот, кој фотографиран со моќни телескопи се гледа како ништо повеќе од една точка на небото.

Астрономот Јуриј Балега од Руската акедемија на науки, говорејќи за TASS рече дека 2022 SE37 не би требало некогаш да стане опасен за Земјата.

„Ова е сепак уште еден од 30.000-те астероиди откриени од астрономите ширум светот. Се движи на растојание од многу милиони километри од нашата планета и не претставува опасност“, рече Балега.

Тагови
реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Вести

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Read more

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Read more

Заврши историската приватна мисија на Intuitive Machines, лендерот заспа засекогаш

Read more

Повлечена студијата која тврди дека во Индонезија е пронајдена 27.000 години стара пирамида

Read more
 

Гик

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Читај повеќе

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Читај повеќе

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Читај повеќе

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Читај повеќе
  • filter

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Читај повеќе

Драмата продолжува: TikTok под истрага, ѝ се заканува тужба

Читај повеќе
  • filter

Vivo ја претстави новата X Fold3 серија смартфони

Читај повеќе

Заврши историската приватна мисија на Intuitive Machines, лендерот заспа засекогаш

Читај повеќе