ОЈО отвори предмет по допрен глас за изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, следејќи ги информациите по медиумите поврзани со изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д, со цел да ги провери наводите што се изнесуваат во јавноста, отвори предмет по допрен глас.

-Предметот е распореден кај надлежен јавен обвинител, кој  презема дејствија и ќе изврши проверки, по што ќе донесе јавнообвинителска одлука за понатамошниот тек на постапката, велат од ОЈОГОК.

По објавите во медиумите во однос на компаниите вклучени во конзорциумот ИРД што беше избран за надзор, Антикорупциската комисија најави дека ќе ги провери наводите, а апели до оваа институција како и до Обвинителството за да се истражат сите постапки денеска повторно упати премиерот Димитар Ковачевски.

-За сите информации што се од јавен карактер и сите податоци за изборот и на проектантот, и на изведувачот, и на надзорот се јавно достапни во Бирото за јавни набавки. Може да отпочнат какви било постапки, а јас третпат го повикувам и Јавното обвинителство и Антикорупциската комисија да спроведат постапка за која маат законска надлежност во однос на сите информации кои се достапни. А сите одлуки на Владата ќе бидат доставени со материјалите до Антикорупциската комисија, рече  Ковачевски на седницата на пратенички прашања во Собранието.

Тој одговори на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков на собраниската седница за пратенички прашања кој праша дали треба да се отвори истрага за фирмата за надзор на изградбата на коридорите 8 и 10д во вредност од 22 милиони евра и зошто е избрана фирма без искуство за надзор која, како што рече, преку ноќ добила лиценца за надзор, како и грант државни пари од ФИТР.

Како што рече Ковачевски, вредноста на надзорот е најниска во вкупното учество на изградба на патишта досега.

- За коридорот 8 и коридорот 10д, процентот на вредноста за надзор и изградба на патот е 1,69. Значи, од вредноста од една милијарда 300 милиони евра од Договорот за проектирање и изградба за коридорот 8 и коридорот 10д, надзорот е 22,3 милиони евра или 1,69 проценти, што е најниско учество на надзор во вкупен проект на кој било автопат досега во државата, посочи премиерот.

За надзорот на коридорите одговараше и вицепремиерот Артан Груби, кој е и претседател на Управувачкиот комитет на Владата за преговорите за изградба на двата коридора.

- Цела постапка е запазена и е помината низ сите управни постапки во државата, рече Груби.

Според најавите, стартот на проектот за изградба на четири автопатски делници на коридорите 8 и 10 во вкупна вредност од 1,3 милијарди евра е предвиден за почетокот на следниот месец.

Владата минатата недела на седница ја одобри и првата транша во износ од 87 милиони евра од вкупн0 243 милиони евра предвидени за годинава.

реклама

Зошто луѓето го мразат Новак Ѓоковиќ?

Read more

Шест знаци дека ви недостасува витамин Б12

Read more

Рани симптоми на срцев удар што се појавуваат неколку месеци порано

Read more

Зошто Белгија воведува зелено трепкачко светло на возилата?

Read more

Македонија

Трипуновски: Отровен зеленчук е увезен од Албанија во Македонија, Обвинителство да отвори истрага

Read more

По три месеци - ниту трага, ниту глас од внукот на Љубе Бошкоски

Read more

ЗНМ: Срамна одлука на Апелациониот суд Скопје на штета на истражувачкото новинарство

Read more

Ковачевски му ја честита победата на Ердоган

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Трипуновски: Отровен зеленчук е увезен од Албанија во Македонија, Обвинителство да отвори истрага

Читај повеќе

Фатен струмичанец кој избегал од затвор каде требало да одлежи уште година за измама

Читај повеќе

По три месеци - ниту трага, ниту глас од внукот на Љубе Бошкоски

Читај повеќе

ЗНМ: Срамна одлука на Апелациониот суд Скопје на штета на истражувачкото новинарство

Читај повеќе

Ковачевски му ја честита победата на Ердоган

Читај повеќе
  • play_arrow

Нови инциденти во Косово: Полицијата фрли солзавец

Читај повеќе

Цените на нафтата растат втора недела по ред

Читај повеќе

Северна Кореја ја извести Јапонија дека планира да лансира сателит

Читај повеќе

Белорусија ги затвора патиштата кон Русија, најави формирање на народна милиција

Читај повеќе