ОЈО поднесе обвинение против пет лица обвинети за трговија со дете

Скопје, 19 јуни 2019 (МИА) – Обвинение против пет лица за сторено кривично дело „трговија со дете“ поднесе надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Тие се теретат дека од декември 2017 година подведувале малолетно девојче на вршење полови дејствија со други лица за одреден паричен надоместок во Тетово и Скопје.

Петмината обвинети се наоѓаат во притвор, откако Основниот кривичен суд Скопје го прифатил предлогот на обвинителството за продолжување на мерката притвор, со оглед на специфичноста на кривичното дело што им се става на товар, општествената опасност од сторување на истото, можноста за брзата заработка која ја овозможува трговијата на деца и постоење реална опасност обвинетите да го повторат кривичното дело за кое се теретат.

Од ОЈО информираат дека со истрагата е утврдено дека во периодот од 22.09.2017 година до 27.02.2018 година, откако мајката на детето – жртва била задржана во притвор, првообвинетиот како нејзин татко, се обврзал да се грижи за својата тогаш петнаесетгодишна ќерка. Злоупотребувајќи ја својата положба како родител – старател, во два наврата од користољубие, на детето – жртва му договорил присилен брак. Детето не сакајќи да ги прифати кандидатите за сопруг ги напуштило и не се вратило кај татка си, туку заминало во домот на третообвинетиот со кого била во љубовна врска и каде претходно престојувале со мајка си.

Третообвинетиот, се вели во соопштението на ОЈО, знаејќи дека девојчето се уште е вљубено во него, го прифатил и ја искористил нејзината положба, па од користољубие во два хотела во Скопје, на непознати мажи им овозможувал сексуални услуги од детето. Парите од услугите во износ од по 3.000 денари мажите ги исплаќале на детето, а третообвинетиот ги земал за себе.

Од декември 2017 година девојчето било екплоатирано преку проституција од страна на второ, трето и четврто обвинетите кои договарале сексуални услуги од детето–жртва за одреден паричен надоместок во Тетово и Скопје.

Од ОЈО информираат дека на 27.02.2018 година детето било пронајдено од полициски службеници, без родител како законски застапник, пријавено во ЈУ МЦСР Скопје и згрижено во „Мал групен дом“ во Скопје.

„Кон крајот на 2018 година детето самоволно го напуштило домот каде што било згрижено. Во периодот од 24.12.2018 година до 13.01.2019 година трето и четврто обвинетите го прифатиле, засолниле и заедно со петообвинетата во поединечни случаи, го подведувале на вршење полови дејствија со други лица за одреден паричен надоместок. Исплатените пари за услугите што ги пружала оштетената ги земале осомничените, а за возврат и обезбедувале престојувалиште“, се наведува во соопштението.

Постапката, како што информира Обвинителството, е отворена во јануари оваа година против две лица, но потоа истрагата е проширена за уште три лица и по сеопфатната истражна постапка до Основниот кривичен суд Скопје, обвинителот доставил Обвинителен акт против пет лица за сторено кривично дело – Трговија со дете и тоа: против првообвинетиот за сторено кривично дело – Трговија со дете од чл.418-г ст.2 во врска со ст.1, против второ и трето обвинетите за сторено по едно кривично дело – Трговија со дете од чл.418-г ст.1 и против четврто и петто обвинетите за соизвршителство во кривично дело – Трговија со дете од чл.418-г ст.1 во врска со чл.22 од Кривичниот законик.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Хроника

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Read more

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Read more

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Read more

Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош

Read more
 

Вести

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Читај повеќе

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Читај повеќе

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Читај повеќе

Касами: Добитници на овие избори сме ние, ДУИ има купено гласови

Читај повеќе

Ванковска: Мојата цел беше не да победам, туку да вознемирам една застојана елита

Читај повеќе

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Читај повеќе

Пендаровски: Анализите ќе покажат дали граѓаните ме казнија мене поради СДСМ

Читај повеќе
  • play_arrow

Османи: Европскиот фронт станува една голема локомотива за европската иднина на нашата држава

Читај повеќе