OJO: Поднесено обвинение за тешката сообраќајна несреќа со смртни последици на Партизанска

По целосно спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице што се товари за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик, соопшти Обвинителството.

Во рок од два месеца од трагичниот настан надлежниот јавен обвинител ги прибра сите докази и вештачења, кои укажуваат дека обвинетиот го сторил ова најтешко дело против безбедноста во сообраќајот за кое е запретена максимална затворска казна до 20 години, велат од институцијата.

Во согласност со доказите, на 29 јануари, 15 минути пред полноќ, обвинетиот, без воопшто да поседува возачка дозвола, управувал патничко возило Peugeot 207, сопственост на татко му.

Не се придржувал кон прописите и со тоа свесно го довел во опасност животот на луѓето. Автомобилот го управувал под дејство на алкохол, односно со 0,80 промили алкохол во крвта, но и со брзина на движење од 91 км/ч, што е речиси двојно поголема од дозволената.

Кога дошол пред обележан пешачки премин на крстосницата меѓу булеварот „Партизански Одреди“ и улицата „29-ти Ноември“ продолжил со движење на вклучено црвено светло на семафорот, кој сигнализирал забрана за минување, и со предниот лев дел од возилото што го управувал удрил во пешакот Фросина Кулакова, која поминувала на обележан пешачки премин и зелено светло за пешаци.

Од силата на ударот оштетената се издигнала во воздухот и удрила во семафорот, поставен на разделното пешачко стојалиште, па добила тешки телесни повреди, од кои починала на самото место.

„Во конкретниот случај постојат околности што го оправдуваат стравот од опасност од бегство и основан страв дека ќе го повтори кривичното дело. Дополнително, имајќи ја предвид возраста на обвинетиот, објектот на заштита, сериозноста и тежината на кривичното дело и другите факти, јавниот обвинител процени дека сѐ уште опстојуваат законските основи поради кои на обвинетиот му беше определена мерка притвор, па од судот побара притворската мерка да биде продолжена“, се истакнува во соопштението.

реклама

Неделен хороскоп за секој знак од 21 до 27 април

Read more

Турција забрани царски рез во приватните клиники

Read more

Кога е важен бројот на сексуални партнери?

Read more

Ќе се гради нов Скопски саем

Read more

Хроника

2252 сообраќајни прекршоци во празничниот викенд, 1018 за брзо возење

Read more

Опожарена површина од околу 7 хектари со трска во Охрид

Read more

Фатен пијан крадец на Golf во Неготино, возачот излетал од патот

Read more

Приведен возач од Струшко кој престигнувал долга колона и го загрозил сообраќајот

Read more
 

Вести

Рекордно ниски цени на горивата во Америка

Читај повеќе

Кој го води Ватикан до изборот на следен папа?

Читај повеќе

Судот ја одби гаранцијата од милион евра на Асмир Јахоски

Читај повеќе

Турција забрани царски рез во приватните клиники

Читај повеќе

Маск ја среди администрацијата на Трамп, па ќе се посвети на Tesla

Читај повеќе

Зеленски: Спремни сме на директни разговори со Русија

Читај повеќе

Времето утре претпладне сончево, попладне пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Објавени последните зборови на папата

Читај повеќе

ММФ: Светската економија значително ќе забави, на САД драстично

Читај повеќе