ОЈО: Притворен скопјанец за кражба на автомобил и напад на тројца полицајци

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 29-годишен скопјанец поради основано сомнение дека ги сторил кривичните дела – Тешка кражба од член 236 став 2 и Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста по член 383 став 2 во врска со став 1, како и за истото кривично дело по став 1 од Кривичниот законик, А судија на пртходна постапка му одреди притвор од 30 дена.

Како што информираат од ОЈО, осомничениот завчера во 22:15 часот наспроти ТЦ „Мавровка“ во Скопје, ги забележал двете лица, оштетениот и неговата сопруга,  како го паркираат нивното  возилото марка „БМВ ИКС 5“ по што се оддалечуваат. Во тој момент, осомничениот со погоден предмет – калауз ја отклучил заклучената врата на возилото и заедно со уште едно засега непознато женско лице го стартувал возилото и започнал да се движи. Кога сторителот со возилото се приближил до првата крстосница бил забележан од сопственикот на возилото. Оштетените започнале да трчаат по возилото, го престигнале и се обиделе да го сопрат осомничениот. Но и покрај обидите и вклученото црвено светло на семафорот, осомничениот продолжил со возилото во непознат правец.

-По пријава на кривичниот настан, полицијата веднаш презела мерки за пронаоѓање на возилото. Откако имале сознание дека осомничениот заедно со украденото возило се наоѓа во населбата Маџари, двајца полициски службеници со службено возило се упатиле кон него. Го пресретнале и се обиделе да го попречат натамошното движење. Во акцијата се придружило и трето службено лице полицаец. Но и покрај дејствијата преземени од полициските службеници, осомничениот со возилото во движење удрил во полициско возило, за потоа и физички со опасно орудие – боксирач со бодеж, да ги нападне тројцата полицајци и им нанесе телесни повреди. Во полициската акција, осомничениот бил совладан и приведен со цел обезбедување на натамошниот тек на кривичната постапка, соопшти ОЈО.

Надлежниот јавен обвинител заедно со  Наредба за спроведување истражна постапка, се вели во соопштението, до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување на мерката притвор за осомничениот бидејќи ценеше дека постојат опасности од бегство, дека е можно осомничениот да го повтори кривичното дело, како и дека постои оправдан страв дека ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоци.

Предлогот на јавниот обвинител беше прифатен од судија на претходна постапка кој со Решение на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Хроника

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Read more

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Read more

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Read more

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе