ОЈО Скопје нареди вонредни инспекциски надзори над загадувачите на воздухот во главниот град

Вчера, по барање на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, се вршат координирани вонредни инспекциски надзори од страна на Државниот инспекторат за животна средина и општинските инспектори од општините на град Скопје и Град Скопје, како и од МВР и Дирекцијата за заштита и спасување на подрачјето на главниот град.

Дејствата се преземаат во рамките на предмет поврзан со загадувањето на воздухот во Скопје, а сите надлежни институции се задолжени да изготват соодветни извештаи од извршените контроли и да ги достават до Обвинителството.

Државните инспектори за животна средина треба да вршат надзори во инсталациите што поседуваат А-интегрирана еколошка дозвола и инсталациите што поседуваат одобрен елаборат за заштита на животната средина, а за чие одобрување е надлежно Министерството за животна средина и просторно планирање. Инспекцискиот надзор ќе биде фокусиран над инсталациите што при извршување на технолошките процеси може да имаат удел во нарушување на квалитетот на амбиенталниот водзух и во правните субјекти, кои за загревање на објектите користат мазут/нафта.

Со иста задача овластените инспектори за животна средина при Град Скопје треба да направат вонредни инспекциски надзори во инсталациите што поседуваат Б-интегрирана еколошка дозвола и инсталациите што поседуваат одобрен елаборат за заштита на животната средина, а за чие одобрување е надлежен градоначалникот на Град Скопје. Комуналните инспектори и комуналните редари се задолжени да вршат проверка над возилата што излегуваат од градежните парцели дали ги мијат тркалата, дали има одлагање отпад на јавни површини, палење оган на отворено.

Овластените инспектори за животна средина при општините во градот Скопје треба да направат направат вонредни инспекциски надзори во инсталациите што поседуваат одобрен елаборат за заштита на животната средина, а за чие одобрување е надлежен градоначалникот на општината.

Министерството за внатрешни работи врши контрола дали се почитува посебниот сообраќаен режим за тешките товарни возила насочувајќи ги кон обиколни патишта со цел да се намали сообраќајот во урбаните средини.

Инспекторите во Дирекцијата за заштита и спасување треба да извршат контрола на правните субјекти, органите на државната управа, единиците на локалната самоуправа, трговските друштва, јавните претпријатија, установите и службите за заштита и спасување од пожари на луѓето, кои за загревање на просториите користат мазут/нафта, дали редовно ги одржуваат горилниците и редовно ги чистат димоводните канали во согласност со пропишаната законска динамика.

По доставувањето на сите извештаи, доколку во нив се содржани елементи на кривично дело од областа на животната средина и природата, Основното јавно обвинителство Скопје веднаш ќе поведе постапки против сторителите.

реклама

Утре дожд во пролет, ќе има и грмежи и силен ветер

Read more

Неколку совети како побрзо да ги исушите алиштата дома

Read more

Се откриваат скандали во градежништвото: Од издадени 2.810 лиценци, нерегуларни се дури 427

Read more

Кривични за директор и членови на комисии од Охрид и од Струга

Read more

Македонија

ЗНМ: Неприфатлива е хајката на социјалните мрежи против Митовски

Read more

За 5 часа поради низа неправилности затворени се 16 угостителски објекти во Тетово и Гостивар

Read more

Македонија е со најниска просечна плата во Европа

Read more

Мирни собири за оддавање почит и барање одговорност за трагедијата во Кочани

Read more
 

Вести

ЗНМ: Неприфатлива е хајката на социјалните мрежи против Митовски

Читај повеќе

За 5 часа поради низа неправилности затворени се 16 угостителски објекти во Тетово и Гостивар

Читај повеќе

Македонија е со најниска просечна плата во Европа

Читај повеќе

Мирни собири за оддавање почит и барање одговорност за трагедијата во Кочани

Читај повеќе

На државава ѝ фалат инспектори, во ДПИ има само 40 за сите градови

Читај повеќе

За трагедијата во Пулс тројца поранешни градоначалници на Кочани и уште 21 лице завршија во 30-дневен притвор

Читај повеќе

Возел низ Скопје со над 100 км/ч и без важечка возачка дозвола

Читај повеќе

Се откриваат скандали во градежништвото: Од издадени 2.810 лиценци, нерегуларни се дури 427

Читај повеќе

Денес врнежи од дожд и умерен ветер

Читај повеќе